Без вода улица „Самоилова“ и хотел „Буши“
- Поради дефект на улица „Самоилова“ број 18, денеска од 9:30 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица, вклучително и хотел „Буши“.
Скопје, 17 декември 2025 (МИА) - Поради дефект на улица „Самоилова“ број 18, денеска од 9:30 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица, вклучително и хотел „Буши“.
Водоснабдувањето, како што соопшти ЈП Водовод и канализација - Скопје, ќе биде прекинатодо завршување со санација на дефектот.
Фото: МИА архива