Без вода од 21 часот дел од корисниците на скопско Ченто
- Со прекинато водоснабдување вечерва од 21:00 часот ќе бидат корисниците на дел од населба Ченто, информираа од ЈП Водовод и канализација-Скопје.

Скопје, 3 февруари 2022 (МИА) - Со прекинато водоснабдување вечерва од 21:00 часот ќе бидат корисниците на дел од населба Ченто, информираа од ЈП Водовод и канализација-Скопје.
Прекинот со водоснабдување е поради уличен дефект ф250мм на ул.Сава Михајлов крак 10 бр.2а и ќе трае до санирање на дефектот. цр/вг/