Без вода корисници од ул.„Македонска Косовоска Бригада“ крак 38
- Без вода утрово од 10:15 часот се корисниците од ул.„Македонска Косовоска Бригада“ крак 38, информира ЈП „Водовод и канализација“- Скопје.
Скопје, 13 мај 2025 (МИА) - Без вода утрово од 10:15 часот се корисниците од ул.„Македонска Косовоска Бригада“ крак 38, информира ЈП „Водовод и канализација“- Скопје.
Причина за прекинот во снабдувањето со вода е дефект на водоводна приклучна цевка од ф 6/4 на ул.„Македонска Косовоска Бригада“ крак 38 бр.11.
Прекинот ќе трае до завршување на активностите за отстранување на дефектот.лв/бак/
фото: МИА архива