Без вода корисници од улиците „Самоилова“ и „Јоаким Крчовски“
- Корисниците немаат вода од 9.20 часот.
![Без вода корисници од улиците „Самоилова“ и „Јоаким Крчовски“](https://mia.mk/images/20240627094013_big_730x400_15.webp )
Скопје, 27 јуни 2024 (МИА) - Прекинато водоснабдување утрово од 9.20 часот имаат корисниците од улиците „Самоилова“ и „Јоаким Крчовски“ во Центар, информираат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Прекинот во водоснабдувањето е поради дефект на улицата „Самоилова“ број 132.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности. бд/дма/
Фото: МИА архива