Без вода корисниците од населбата „11 Октомври“
- Поради уличен водоводен дефект од ф100mm на ул.„Кумановска“ бр.26, вечерва од 22:00 часот со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од населбата „11 Октомври“.

Скопје, 12 јуни 2025 (МИА) - Поради уличен водоводен дефект од ф100mm на ул.„Кумановска“ бр.26, вечерва од 22:00 часот со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од населбата „11 Октомври“.
Како што соопштија од ЈП Водовод и канализација - Скопје, прекинот со водоснабдувањето ќе биде до завршување со работните активности. дма/
Фото:МИА архива