Без вода дел од општина Кисела Вода
- Поради дефект на затворач на улица „Иван Хаџиниколов“, прекинато водоснабдување попладнево имаат корисниците на дел од истата улица, како и на дел од улиците „Жарко Зрењанин“, „Ѓорѓи Динката“ и „Скендербег“.

Скопје, 20 ноември 2023 (МИА) - Поради дефект на затворач на улица „Иван Хаџиниколов“, прекинато водоснабдување попладнево имаат корисниците на дел од истата улица, како и на дел од улиците „Жарко Зрењанин“, „Ѓорѓи Динката“ и „Скендербег“ во опшина Кисела Вода.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на дефектот. љм/са/
Фото: МИА архива