• вторник, 11 март 2025

Без вода дел од корисниците од улиците „Славејко Арсов“, „Христо Чернопеев“ и „Рилски конгрес“

Без вода дел од корисниците од улиците „Славејко Арсов“, „Христо Чернопеев“ и „Рилски конгрес“

Скопје, 19 декември 2024 (МИА) - Поради уличен дефект на водоводна цевка на улицата „Славејко Арсов“, вечерва од 18:30 часот, прекинато им е водоснабдувањето на дел од корисниците од оваа улица, како и од „Христо Чернопеев“ и „Рилски конгрес“, информираат вечерва од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.

Оттаму додаваат дека прекинот ќе биде до завршување на работните активности. бд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан