Без вода дел од Кисела Вода
- Прекин на водоснабдувањето денеска од 09.30 часот имаат дел од корисниците од населба Кисела Вода.

Скопје, 24 март 2021 (МИА) – Прекин на водоснабдувањето денеска од 09.30 часот имаат дел од корисниците од населба Кисела Вода.
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека поради санирање на уличен дефект на улица „Гандиева“ бр. 6а, прекин на водоснабдувањето ќе имаат корисниците од улиците „Гандиева“, „Бранко Заревски“, „Румена Хаџипанзова“, „Андреа Петковиќ“ и улица „Живко Фирфов“.
Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на активностите. ки/лв/