• понеделник, 15 јули 2024

Без вода делови од Пржино и Серава

Без вода делови од Пржино и Серава

Скопје, 15 јули 2024 (МИА) - Поради дефект на приклучна цевка од ф 1 на улица „Славејко Арсов“ 42 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од високата зона на оваа улица и населбата Пржино.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од  09:00 часот до завршување на работните активности.

Поради  менување вентил во шахта на улица „Серава“ бр. 5 без вода ќе бидат корисниците  оваа улица од  09:10 часот  до завршување на работните активности.  сст/нд/

фото МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан