• понеделник, 01 јули 2024

Без струја утре делови од Центар и Кисела Вода

Без струја утре делови од Центар и Кисела Вода
Скопје, 31 мај 2021 (МИА) - Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Кисела Вода и Центар, соопштуваат од РЦУК - Скопје. Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од улицата „Саса“ – подулица бр.32, Општина Кисела Вода. Во периодот од 09:30 до 12:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Периша Савелиќ“ до бр.38, „Тодор Александров“ од бр.71 до бр.79, „Славејко Арсов“ од бр.132 до бр.146 и „Салвадор Аљенде“ до бр.58, Општина Центар.фф/са/

Остани поврзан