„Безбедно возење на трактор и земјоделски машини“, превентивна активност на СВР Куманово
- Отсекот за превенција при СВР Куманово во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, во кумановските села Љубодраг, Умин дол, Опае и Лопате, спроведе превентив

Куманово, 27 октомври 2022 (МИА) - Отсекот за превенција при СВР Куманово во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, во кумановските села Љубодраг, Умин дол, Опае и Лопате, спроведе превентивна активност од областа на сообраќајот, „Безбедно возење на трактор и земјоделски машини“.
- Во непосреден разговор со граѓаните, особено оние што ја користат земјоделската механизација од страна на полициските службеници им беше укажано за важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи при управување на возилата. Посебно им беше потенцирано за потребата околу техничката исправност на оваа механизација, првенствено поради нивната лична безбедност и секако за безбедноста на сите учесници во сообраќајот, соопштија од СВР Куманово.
Полицијата постави и флуоресцентни самолепливи ленти заради обележување на тракторите при управување во ноќни услови и при намалена видливост на патот.
Беа одржани и кратки едукативни предавања за безбедно учество во сообраќајот на трактористите во руралните подрачја во Кумановско.
Од полицијата нагласуваат дека механизацијата мора да е во исправна состојба и да внимаваат при вклучување од нивите на патиштата. ам/цр
