• недела, 30 јуни 2024

Безбедна е водата за пиење од селските водоводи во Кумановско

Безбедна е водата за пиење од селските водоводи во Кумановско
Куманово, 1 јуни 2022 (МИА) - Безбедна за пиење е водата од селските водоводи во Кумановско, информираа денеска надлежните од Центарот за јавно здравје Куманово. Примероци се земаат редовно и се испитуваат на неделно ниво. - Центарот за јавно здравје работи по националната програма за јавно здравје на ниво на државата. Годишно, според таа програма се анализираат 770 води. Во Куманово 500 води, останатите 250 се за Крива Паланка и Кратово. Можам да кажам дека задоволува квалитетот на водите во селските водоводи, ретко има исклучоци. Повремено се јавуваат бактерии, како ешерихија коли. Најчесто имаме зголемени нитрати, ретко се појавува вода со нитрити, изјави доктор Бедри Велиу, специјалист по хигиена, од Центарот за јавно здравје. Центарот за јавно здравје редовно ги анализира водата во училиштата, амбулантите, ученичките домови во селата и домаќинствата. Анализите се спроведуваат во во микробиологија и лабораторија во Центарот за јавно здравје Куманово. - Ако има резултат со бактерија или нитрати веднаш се препраќа до Агенцијата за храна и ветеринарство. Ние по службена линија кажуваме дека водата е неисправна и се преземаат соодветни мерки, изјави Велиу. Граѓаните кои имаат свои бунари и бушотини самите ја носат водата за анализа. ам/ац/

Остани поврзан