• петок, 22 ноември 2024

Беговиќ се врати во Евертон

Беговиќ се врати во Евертон

Ливерпул, 23 август 2024 (МИА) - Евертон го врати искусниот голман Асмир Беговиќ, кој потпиша едногодишен договор. 37-годишниот Бошњак беше фудбалер на „карамелите“ во периодот од 2021 до 2023 година, но минатата сезона играше како стартер за Квинс Парк Ренџерс во Чемпионшип дивизијата. Неговиот договор со лондонскиот тим истече и сега се врати на „Гудисон Парк“.

Беговиќ, кој ќе биде замена за англискиот репрезентативец Џордан Пикфорд, е шестото засилување на Евертон ова лето по Џек Харисон, Јеспер Линдстром, Илиман Ндијаје, Џејк О'Брајан и Тим Ирогбунам.

Во својата кариера ги бранеше боите на англиски Портсмут, Максфилд Таун, Јеовил Таун, Ипсвич, Стоук Сити, Челси, Бурнемаут, Карабах во Азербејџан и Милан во Италија. дс

Фото: Евертон

Остани поврзан