• петок, 22 ноември 2024

Бајлс е горда на своите перформанси откако се врати во спортот

Бајлс е горда на своите перформанси откако се врати во спортот

Париз, 2 август 2024 (МИА) - Симон Бајлс мислеше дека нејзината кариера во гимнастиката е завршена откако се повлече од Олимписките игри во Токио поради проблеми со менталното здравје, но сега е горда на нејзиното враќање во спортот, што и донесе втор златен медал на Игрите во Париз по титулата во повеќебој.

По повлекувањето од Токио, кое предизвика реакции ширум светот, таа паузираше две години од спортот за да се фокусира на себе. Откако се врати на олимписката сцена, Американката доминираше, водејќи го тимот на САД до врвот на екипната конкуренција во вторникот и го освои своето шесто злато во кариерата синоќа.

-Пред три години не мислев дека никогаш повеќе ќе стапнам на гимнастички под поради се што се случи. Но, со помош на тренерите Сесил и Лорен Ланди, се вратив во теретана и работев многу напорно ментално и физички. Едноставно горда сум на себе што вложив многу работа и никогаш не се откажав, изјави Бајлс.

Американката му се заблагодари на својот терапевт, со кој рече дека разговарала во четвртокот наутро, и кој и помогнал да остане смирена и фокусирана дури и под силен притисок.

-Се грижам дека сум ментално добро и тоа се покажува на натпреварите, рече гимнастичарката.

Таа ги победи своите конкуренти во повеќебој со силни перформанси на греда и под.

Иако Бајлс е најодликуваната гимнастичарка на сите времиња и една од најголемите спортистки, таа сè уште се гледа себеси како девојка која потекнува од скромно семејство.

„На крајот на краиштата, лудо е да се зборува за мене како најдобар спортист. Сè уште мислам дека сум Симон Бајлс од Спринг, Тексас, која сака да скока и да прави пируети, заклучи Американката. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан