• петок, 22 ноември 2024

Бајден укажа каде САД ќе ги испраќаат неискористените вакцини

Бајден укажа каде САД ќе ги испраќаат неискористените вакцини
Вашингтон, 3 јуни 2021 (МИА) - Претседателот Џо Бајден денеска укажа конкретно кои земји ќе бидат приматели на првата транша 25 милиони дози вакцини против Ковид-19 од вкупно 80 милиони што САД се спремат да ги донираат во јуни. Според него, САД ќе донираат речиси 19 милиони дози во Ковакс, меѓународна програма за размена на вакцини. Во рамките на програмата, околу 6 милиони дози ќе бидат испратени во Јужна Америка и карипските земји, околу седум милиони дози ќе бидат испратени во Јужна и Југоисточна Азија и околу пет милиони дози во Африка. Останатите шест милиони дози САД ќе испратат директно во такви земји како Канада, Мексико, Индија и Јужна Кореја. - Ги споделуваме вакцините за да спасиме животи и да бидеме први во светските напори за запирање на пандемијата, но и да ги инспирираме другите со нашиот пример и своите вредности, изјави Бајден. Вакцините се произведнеи од американските фармацевти Модерна, Фајзер/БиоНТек и Џонсон и Џонсон. Админисрацијата исто така планира да донира и дополнителни 60 милиони дози на вакцини на АстраЗенека. Според Бајден, сите 80 милиони дози ќе бидат распределени во јуни. кб/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан