• недела, 12 мај 2024

Бајден телефонски разговарал со Нетанјаху

Бајден телефонски разговарал со Нетанјаху

Вашингтон, 4 април 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден денеска телефонски разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, јавија светските агенции, повикувајќи се на Белата куќа.

Разговорот траел помалку од половина час.

Бајден и Нетанјаху телефонски разговарале само неколку дена откако седуммина хуманитарни работници загинаа во израелски воздушен напад во Појасот Газа. Тој случај дополнително ги усложни и така затегнатите односи меѓу двајцата лидери, забележуваат агенциите.

Американскиот претседател остро го критикуваше Израел за нападот. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан