• среда, 25 декември 2024

Бајден соопшти дека нападите против бунтовниците Хути во Јемен ќе продолжат

Бајден соопшти дека нападите против бунтовниците Хути во Јемен ќе продолжат

вашингтон, 18 јануари 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека американско-британските напади врз Хутите во Јемен ќе продолжат се додека тие продолжат со нападите врз трговските бродови во Црвеното Море.

На прашањето на новинарите во Белата куќа за тие напади, Бајден одговори: „Дали тие ги запираат Хутите? Не. Дали ќе продолжат? Да“.

Американската војска синоќа по четврти пат за помалку од една недела ги нападна упориштата на бунтовниците Хути во Јемен, поради закана за безбедноста на поморскиот сообраќај во Црвеното Море. Американските воени сили извршија напади од Црвеното Море врз 14 проектили од бунтовниците Хути, поддржани од Иран, соопшти командата на американската војска за Блискиот Исток.

Проектилите на јеменските бунтовници беа подготвени за лансирање и претставуваа „непосредна закана“, соопшти американската команда. ссм/

фото: архива

Остани поврзан