• сабота, 11 мај 2024

Бајден рече дека не се очекува наскоро нов договор за заложниците во Газа

Бајден рече дека не се очекува наскоро нов договор за заложниците во Газа

Вашингтон, 20 декември 2023 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека не очекува во скоро време нов договор меѓу Израел и Хамас за заложниците кои се држат во Газа.

„Вложуваме напори во таа насока“, им рече Бајден на новинарите за време на патувањето кон Милвоки, Висконсин.

Во тек се напори да се преговара за ослободување на уште заложници, при што се очекува шефовите на ЦИА, Мосад и катарскиот премиер да се сретнат и да разговараат за тоа прашање. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан