• среда, 18 декември 2024

Бајден - Макрон: Отворени консултации за создавање услови за подобрување на довербата

Бајден - Макрон: Отворени консултации за создавање услови за подобрување на довербата
Вашингтон, 22 септември 2021 (МИА) - Претседателите на Франција и на САД, Емануел Макрон и Џо Бајден денеска оддржаа телефонски разговор по барање на американскиот лидер, а со цел да се осврнат на импликациите од објавата на 15 септември, соопшти Белата куќа. Во заедничката изјава, двајцата претседатели се согласија дека ситуацијата би добила многу повеќе при отворени консултации меѓу сојузниците во однос на работи од стратешки интерест за Франција и европските партнери. - Двајцата лидери одлучија да започнат процес на продлабочени консултации со цел создавање услови за подобрување на довербата и понуда на конкретни мерки кон заеднички цели, се вели во изјавата. Лидерите се договорија да се сретнат во Европа во октомври, со цел да достигнат разбирање и да го одржат моментумот на овој процес. Од Елисејската палата одлучиле да го вратат францускиот амбасадор во Вашингтон следната недела „кога тој ќе започна интензивна работа со високи официјални службеници на САД“. - Претседателот Бајден повторно го истакнува стратешкото значење на Франција и европскиот ангажман во индо-пацифичкиот регион во рамки на неодамна објавената стратегија на Европската Унија за Индо-Пацификот, се вели во соопштението. Се додава дека САД го признаваат значењето од посилна и поспособна европска одбрана која учествува позитивно во трансатлантската и глобалната безбедност и се надоврзува на НАТО. Во рамки на заедничка борба против тероризмот, САД се заложуваат за поддршка на антитерористичките операции во Сахел вршени од државите на Европа. кб/гт/

Остани поврзан