• четврток, 19 декември 2024

Бајден издаде декрет за детална проверка на купувачите на оружје

Бајден издаде декрет за детална проверка на купувачите на оружје

Сан Диего, 14 март 2023 (МИА) - Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска потпиша указ со кој се наложуваат посеопфатни проверки на луѓето кои сакаат да купат оружје, како и побезбедно складирање на огненото оружје.

Со претседателскиот декрет се обврзуваат американските служби за спроведување на редот и законот да обезбедат максимално спроведување на законите за контрола на вооружувањето кои минатото лето ги поддржаа двете партии во американскиот Конгрес.

На 1 јануари годинава, по новогодишната прослава, вооружен напаѓач упадна во сала за танцување во населба во близина на Лос Анџелес и застрела 20 луѓе, од кои 11 починаа. рп/

Остани поврзан