• сабота, 23 ноември 2024

Бајден за масакрите во Атланта и Колорадо: Ова не треба да биде партиски проблем, ова е американски проблем

Бајден за масакрите во Атланта и Колорадо: Ова не треба да биде партиски проблем, ова е американски проблем
Вашингтон, 23 март 2020 (МИА) - Претседателот на САД, Џо Бајден, денеска изјави дека е „скршен“ од убиствата синоќа на десет луѓе во супермаркет во Булдер, Колорадо и ги повика законодавците на брзо усвојување на закони за обнова на забраните за носење на автоматско оружје со висок капацитет на стрелба, употребено во повеќе масовни пукотниции во САД. Само една недела претходно, масовна пукотница со осум жртви случи и во Атланта, Џорџија. Лицето кое го изврши нападот во Колорадо е идентификувано: се работи за 21 годишник именуван како Ахмад Аливи Алиса. Полицијата сеуште ги нема утврдено мотивите за нападот. - Ова не е и не треба да биде партиски проблем, ова е американски проблем, изјави Бајден и додаде дека „мораме да дејствуваме“. Тој изјави дека говорел со гувернерот на Колорадо, Џаред Полис и генералниот обвинител на САД, Мерик Грланд, и дека ќе продолжи со консултации за време на летот во Колумбус, Охајо. - Џил и јас сме сккршени, чувството, не можам да замислам како се чувствуваат семејствата, изјави тој. Бајден потоа замина за Охајо, на промоција на пакетот мерки во висина од 1,9 трилиони долари за помош на Американците и економијата во пандемијата. Но сепак, оваа важна победа на неговата Администрација е засенета од стариот проблем кој постојано испливува на површина – масовните пукотници и масакрите во САД. Само една недела пред вчерашната трагедија во Колорадо, сличен напад се случи во неколку спа и масажни салони во Атланта, каде 21 годишен бел Американец уби осум лица меѓу кои шест жени со корејско потекло. Овој напад го поттикна прашањео за омразата против азиско-кинеското населние поттикнато од разговорите за тоа кој е причинителот за светската пандемија. Лицето кое го изврши нападот во Колорадо е идентификувано, и во овој случај се работи за 21 годишник. Во изминатите пет години во САД се случија десеттина масовни пукотници во кои загинале над 150 лица. Покрај споменатоте две во Колорадо и во Атланта, последните се случија на 16 март на бензинска во Спрингфилд, Мисури, кога загинале пет лица, пукање од кола во движење во Мидланд и Одеса, Тексас на 31 август 2019 година, кога загинаа осум лица меѓу кои и напаѓачот, како и нападот истиот месец во трговскиот дистрикт на Дејтон, Охајо, кога вооружен со автоматска пушка АР-15 и со панцирен елек уби девет и рани 27 лица во времетраење од само 32 секунди, пред да биде застрелан од полицијата. Меѓу загинатите беше и сестрата на напаѓачот. кб/ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан