• недела, 22 декември 2024

Бајден за вториот мандат ветува пониски даноци за семејствата, поевтин третман

Бајден за вториот мандат ветува пониски даноци за семејствата, поевтин третман

Вашингтон, 11 март 2024 (МИА) -  Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска го објави предлог-буџетот за вториот мандат што сака да го добие на ноемвриските избори, а основата е порака до самите гласачи: даночни олеснувања за семејствата, помали трошоци за здравствена заштита, повисоки даноци за богатите и корпорации, помал буџетски дефицит.

Иако предлогот за фискалната 2025 година нема шанси да добие одобрение од Конгресот на САД, каде Сенатот го држат демократите на Бајден, а Претставничкиот дом го држат опозициските републиканци, тој им дава на гласачите идеја за тоа што Бајден може да им понуди ако успее да биде пшовторно преѕседател и демократите да ја преземат контролата на двата дома.

Минатата недела претседателот и неговите соработници генерално го соопштија предлог-буџетот, а денеска беа презентирани деталите.

Купувачите на домови би можеле да добијат даночен кредит до 10.000 американски долари, а 10 милијарди долари помош во аванс ќе им биде обезбедена на купувачите кои првпат купуваат домови.

Планирано е и зголемување на корпоративните даноци, а милијардерите ќе треба да плаќаат најмалку 25 отсто од приходите како даноци.

Бајден во говорот минатата недела рече дека здравствената програма Медикер ќе треба да добие моќ да преговара за цените на 500 лекови на рецепт, што ќе заштеди околу 200 милијарди долари во следните 10 години. Не беше прецизирано кои лекови ќе бидат предмет на такви преговори.

Важен дел од буџетскиот план е да им се помогне на семејствата да ги добијат основните потреби, со оглед на рекордната инфлација. Предлог-буџетот вклучува 258 милијарди долари за изградба или реновирање на два милиони домови и станови за да се олесни недостигот на станови што ги зголемува кириите.

Родителите кои заработуваат помалку од 200.000 долари годишно би имале пристап до државна грижа за деца, а повеќето семејства кои би се квалификувале за таа помош би трошеле не повеќе од 10 долари дневно.

Вклучени се и олеснување за студентски заем и 12 милијарди долари за универзитетите да развијат стратегии за намалување на трошоците.

Според предлог-буџетот, за одбрана се предвидени околу 900 милијарди долари. Ова вклучува помош за Украина, Израел и другите сојузници на САД, како и хуманитарна помош за Палестинците, средства за домашно зголемување на работната сила и ресурси за подобро обезбедување на јужната граница на САД, преку која мигрантите влегуваат од Мексико.

Доколку буџетот на Бајден стане закон, дефицитот би можел да се намали за три илјади милијарди долари во текот на оваа деценија, даночните приходи ќе се зголемат за 4,9 милијарди долари за тоа време, а 1,9 милијарди долари ќе се користат за различни програми. Остатокот би бил за дефицитот.

Помошниците на Бајден тврдат дека нацрт-буџетот е реален и детален и дека тоа не се финансиски одржливи мерки предложени од опозициските републиканци во случај да победат на изборите.

Републиканците во Претставничкиот дом во четвртокот ја отфрлија резолуцијата за буџетот за следната фискална година

Конгресот се уште работи на буџетот за тековната фискална година. Во саботата, Бајден потпиша закон за пакет од 460 милијарди долари за да избегне гаснење на финансирање на неколку федерални агенции, но пратениците се само на половина пат од трошењето на оваа фискална година. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан