• понеделник, 20 мај 2024

Бајден го покани Нетанјаху да се состане во САД

Бајден го покани Нетанјаху да се состане во САД

Ерусалим, 17 јули 2023 (МИА) - Американскиот претседател Џозеф Бајден го покани израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на денешниот телефонски разговор да се сретнат во САД.

Израелските медиуми јавуваат дека Бајден седум месеци ја одложувал поканата за Нетанјаху бидејќи Вашингтон не е задоволен од контроверзниот план за судски реформи на израелската влада.

Во соопштението од кабинетот на Нетанјаху не се наведува дали двајцата лидери ќе се сретнат во Белата куќа, на што Нетанјаху се надеваше.

Во последните недели се шпекулираше дека тие би можеле да се сретнат на маргините на годишната седница на Генералното собрание на ОН во последната недела од септември, кога се очекува и двајцата да бидат во Њујорк.

Бајден го упати повикот во „долг и пријателски разговор“, соопшти кабинетот на Нетанјаху.

Тоа беше првиот разговор меѓу Бајден и Нетанјаху во изминатите четири месеци.

Нетанјаху ја прифати поканата и беше договорено да се одреди датум за средба. зш/

Остани поврзан