• недела, 22 декември 2024

Бајден го обвини Трамп за отпорот во Конгресот за донесување закон за границата и помошта за Украина

Бајден го обвини Трамп за отпорот во Конгресот за донесување закон за границата и помошта за Украина

Вашингтон, 6 февруари 2024 (МИА) – Претседателот на САД Џо Бајден изјави дека бипартискиот нацрт закон за реформи на имиграцискиот систем се урива по политички притисок од Доналд Трамп.

Во обраќање денеска до Конгресот Баден упати повик да се усвои нацрт законот за побезбедни граници и давање помош на Украина, претседателот изјави дека законодавците треба да покажат одлучност.

- Сè укажува на тоа дека законскиот проект дури и нема да биде поднесен на разгледување во Сенатот. Зошто? Од едноставна причина: Доналд Трамп, изјави Бајден.

- Затоа што Доналд Трамп смета дека од политичка гледна точка тоа е лошо за него, констатираше тој.

Во предложениот пакет помош за Украина треба да бидат издвоени околу 60 милијарда долари, за засилување на границата се планирани 20 милијарди долари, додека помош за Израел 14 милијарди. Десет милијарди долари се предвидуваат како помош за Газа и Западниот Брег и 2.5 милијарди за Централната команда на САД и за воени операции.

Вчера од администрацијата изјавија дека претседателот ќе стави вето на најавен републикански нацрт закон што предвидува помош само за Израел. кб/

Остани поврзан