• понеделник, 23 декември 2024

Бајден: Горбачов беше редок лидер кој придонесе за побезбеден свет

Бајден: Горбачов беше редок лидер кој придонесе за побезбеден свет

Вашингтон, 31 август 2022 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден му оддаде почит на последниот советски лидер Михаил Горбачов, кој почина во вторникот, нарекувајќи го „редок лидер“ и државник кој придонел за „побезбеден свет“.

„Како лидер на СССР, тој работеше со (американскиот) претседател (Роналд) Реган за да го намали нуклеарниот арсенал на двете земји, на големо олеснување на луѓето ширум светот кои се молеа за крај на трката за нуклеарно вооружување. По децении брутална политичка репресија, тој усвои демократски реформи“, вели Бајден во соопштение.
Тој додава дека „неговите постапки беа постапки на редок лидер, лидер кој имаше доволно фантазија да види дека е можна поинаква иднина и храброст да ја ризикува целата своја кариера за да стигне таму“. „Резултатот беше побезбеден свет и поголема слобода за милиони луѓе“, истакна Бајден. Михаил Горбачов почина на 92-годишна возраст по долго и тешко боледување.
 

Тој се смета за една од најзначајните политички фигури од втората половина на 20 век. Добитник е на Нобеловата награда за мир во 1990 година, затоа што придонесе за крај на Студената војна и го дозволи повторното обединување на Германија. паг/    

Остани поврзан