Бајден ги потпиша инструментите за ратификација на пристапните протоколи за членство на Финска и Шведска во НАТО
- Претседателот на САД, Џо Бајден денеска ги потпиша инструментите за ратификација на пристапните протоколи во НАТО за Република Финска и Кралството Шведска

Вашингтон, 9 август 2022 (МИА) – Претседателот на САД, Џо Бајден денеска ги потпиша инструментите за ратификација на пристапните протоколи во НАТО за Република Финска и Кралството Шведска.
По овој повод, државниот секретар Ентони Блинкен ги повика и преостанатите земји-членки на Алијансата да ги ратификуваат протоколите.
- Задоволни сме со брзиот прогрес Финска и Шведска да станат сојузници во НАТО. Постои силна, сојузна и двопартиски поддршка за апликациите за членство на Финска и Шведска, и се надевам на нивно брзо влегување во најсилната одбранбена алијанса во историјата, изјави Блинкен.
Тој додаде дека НАТО останува посветено и на својата политика на отворени врати и на јакнење на билатералната одбрана и соработка во безбедноста. кб/ми/