Бајден ги повика сите земји да ја намалат емисијата на штетни гасови
- Американскиот претседател Џо Бајден денеска ги повика „сите земји“ да ја намалат емисијата на штетни гасови со ефектот на стаклена градина, за време на говорот на Конференцијата на ОН за клим
Шарм ел Шеик, 11 ноември 2022 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден денеска ги повика „сите земји“ да ја намалат емисијата на штетни гасови со ефектот на стаклена градина, за време на говорот на Конференцијата на ОН за климата (КОП27), што се одржува во египетското одморалиште Шарм ел Шеик.
„Сите земји мора да направат повеќе. На овој состанок мораме да ги обновиме и зголемиме нашите климатски амбиции“, рече Бајден, додавајќи дека неговата земја го прави својот дел во борбата против глобалното затоплување.
Американскиот претседател оцени дека климатската криза го доведува во прашање „самиот живот на планетата“ и додаде дека САД ќе ги почитуваат целите за намалување на емисијата на штетни гасови со ефектот на стаклена градина до 2030 година.
„Климатската криза се однесува на човековата безбедност, економската безбедност, националната безбедност и животот на планетата“, рече Бајден.
Според него, руската инвазија на Украина ја зголемува потребата за постепено укинување на употребата на фосилни горива.
„Војната предводена од Русите само ја зголемува итноста за светот да излезе од зависноста од фосилните горива“, додаде Бајден. паг/