• понеделник, 23 декември 2024

Бајден в петок се среќава со премиерите на Јапонија, Индија и Австралија

Бајден в петок се среќава со премиерите на Јапонија, Индија и Австралија
Вашингтон, 9 март 2021 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден в петок ќе има виртуелни средби со премиерите на Јапонија, Индија и Австралија. Ова е прва средба на Бајден со лидерите на трите земји, јапонскиот премиер Јошихиде Суга, индискиот Нарендра Моди и премиерот на Австралија, Скот Морисон. Тројката земји е позната според регионалата иницијатива Куад. -Куад редовно се среќава на работно и надворешно министерско ниво. Сепак, средбата в петок ќе биде првпат тие да се сретнат на лидерско ниво, изјави денеска Џен Псаки, портпарол на Белата куќа. Додаде дека фактот што средбата со Куад на претседателот Бајден е една од првите негови надворешнополитички ангажмани зборува колку гоелемо значење САД даваат на сојузниците и партнерите од Индо-пацифичкиот регион. Според неа, на седбата ќе се говори за пандемијата на коронавирус и климатските промени. кб/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан