• недела, 22 декември 2024

Бајден во Белата куќа се среќава со лидерите на Мексико и Канада 

Бајден во Белата куќа се среќава со лидерите на Мексико и Канада 
Вашингтон, 18 ноември 2021 (МИА) - Лидерите на САД, Канада и Мексико денеска ја оддржуваат својата прва трилатерална средба во последните пет години  на која ќе се дискутира за старите проблеми, како што се климатските промени, миграцијата и економската конкуренција, но и новите предизвици како што е пандемијата на Ковид-19.  Премиерот на Канада Џастин Трудо и претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор, денеска се среќаваат во Белата куќа со претседателот на САД, Џо Бајден.  Прво лидерите на Мексико и Канада ќе имаат билатерални средби со Бајден, по што сите тројца ќе се собираат на првиот од 2016 година самит на лидерите на Северна Америка.  -Ова е кулминација по десет месеци работа на заживување на севернамериканската платформа, која е од огромно значење како за нашиот внатрешен економски успех, така и за партнерството, кое може да одигра важна улога во решавање на регионалните и глобалните проблеми, изјави Крис Мигер, заменик прес-секретар на Белата куќа. кб/ 

Остани поврзан