• недела, 22 декември 2024

Бах бара од јапонскиот премиер да им дозволи на гледачите да влезат на Олимпијадата доколку се подобри состојбата со коронавирусот

Бах бара од јапонскиот премиер да им дозволи на гледачите да влезат на Олимпијадата доколку се подобри состојбата со коронавирусот
Лозана, 15 јули 2021 (МИА) – Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Томас Бах побара од јапонскиот премиер Јошихиде Суга да размисли за прием на гледачи на Олимписките игри во Токио доколку се подобри состојбата со коронавирусот, јавува агенцијата „Кјодо“. Според последната одлука на организацискиот комитет на Игрите, натпреварите во Токио ќе поминат без присуство на публика. Јапонската влада неодамна прогласи вонредна состојба која ќе важи и за време на Олимпијадата. Игрите во Токио започнуваат на 23 јули и ќе траат до 8 август. зс/

Остани поврзан