Бахреин ќе ги нормализира односите со Израел
- Бахреин стана последната арапска држава што се согласи да ги нормализира односите со Израел, како дел од пошироката дипломатска кампања на американскиот претседател Доналд Трамп и неговата ад

Вашингтон, 11 септември 2020 (МИА) – Бахреин стана последната арапска држава што се согласи да ги нормализира односите со Израел, како дел од пошироката дипломатска кампања на американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација за целосно интегрирање на еврејската држава во Блискиот исток.
Трамп денеска го најави договорот по телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и кралот на Бахреин Хамад бин Иса Ил Калифа.
Тројцата лидери издадоа и куса заедничка изјава со која го потврдија договорот. јт/