• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Бауман: АфД ќе бара претседателски позиции во комисиите и функцијата заменик претседател на Бундестагот

Бауман: АфД ќе бара претседателски позиции во комисиите и функцијата заменик претседател на Бундестагот

Берлин, 26 февруари 2025 (МИА) - Пратеничката група на десничарската Алтернатива за Германија (АфД) во Бундестагот најави дека ќе бара претседателски позиции во комисиите и функцијата потпретседател на парламентот.

Алтернатива сега е двојно посилна од претходното свикување на парламентот и има соодветни барања, изјави првиот секретар на пратеничката група на партијата Бернд Бауман.

-Сега имаме речиси една четвртина од пратениците и ќе биде многу тешко за црвено-зеленото мејнстрим мнозинство, па дури и за дел од Христијанско-демократската унија уште еднаш да не исклучат, изјави Бауман за радиото Дојчландфунк, пренесе ДПА.

Од влегувањето во Бундестагот во 2017 година, АфД е единствената пратеничка група која никогаш немала свој претставник во претседателството на парламентот.

Во парламентарниот состав во заминување на оваа партија и беа одбиени претседателските функции во собраниските комисии, а жалбата што ја поднесе до сојузниот Уставен суд беше одбиена.

На вонредните парламентарни избори одржани во неделата Алтернатива за Германија освои 20,8 отсто од гласовите и ќе има 152 пратеници, речиси двојно повеќе од претходното свикување кога имаше 77 мандати.сд/

фото:Бундестаг

Остани поврзан