• петок, 20 декември 2024

Баскет Кам со шест кошаркари во младинските репрезентативни состави

Баскет Кам со шест кошаркари во младинските репрезентативни состави
Македонска Каменица, 1 август 2020 (МИА) - Дури шест кошаркари на КК Баскет Кам влегоа во поширокиот состав на младинските кошаркарски репрезентации на Македонија. Како што информираа од тимот, четворица играчи родени од 2007 генерација од 4 август 2020 година во СРЦ Кале-Скопје ќе ги започнат селективните тренинзи од втората фаза. - Се работи за кошаркарите Матеј Митревски, Мартин Атанасов, Виктор Попов и Андреј Јованов кои ја продолжуваат традицијата на КК Баскет Кам за учество во националните бои на кошаркарската репрезентација, информираа од клубот. Во женска конкуренција Баскет Кам на поширокиот репрезентативен список во втората фаза влегува со две претставнички. - Матеа Владимирова и Милена Зафировска заедно со врсничките од 2008 генерација ќе ги продолжат селективните тренинзи во СРЦ „Кале“ во Скопје. Како и во машка конкуренција селективните тренинзи и тука започнуваат од 4 август 2020 година, додадоа од екипата. Ова за стручниот штаб на тимот е уште еден голем успех на Баскет Кам кога станува збор за учество на поединци во младинските репрезентации. зс/

Остани поврзан