• недела, 22 декември 2024

Баскет КАМ ги почнува натпреварите во Балканската лига

Баскет КАМ ги почнува натпреварите во Балканската лига

Скопје, 29 септември 2023 (МИА) – Кошаркарките на Баскет КАМ денеска заминаа за Требиње, каде овој викенд ќе ги играат првите натпревари од новоформираната женска Балканска лига.

Премиерната сезона ќе се игра според турнирски систем, а домаќин на првиот, од неколкуте предвидени турнири е Леотар од Требиње.

Македонскиот шампион в сабота од 18 часот ќе игра против Херцег Нови, додека во второто полуфинале ќе играат домаќинот Леотар и белградски Раднички.

Поразените екипи, во недела од 10. часот ќе играат за третото место, додека два часа подоцна победниците во двата полуфинални натпревари ќе се борат за првото место.

Согласно натпреварувачкиот систем во женската Балканска кошаркарска лига, вкупно ќе бидат одржани четири турнири на кои домаќини ќе бидат и Херцег Нови, Македонска Каменица и Белград, каде ќе биде и завршницата. ег/аа/

ФОТО: КФСМ

Остани поврзан