Бар и Меконел ја признаа победата на Бајден на изборите во САД
- Државниот обвинител на САД, Вилијам Бар денеска изјави дека Министерството за правда не открило доволен број гласачки измами за резултатот од изборитe да биде променет, признавајќи ја со тоа
Вашингтон, 1 декември 2020 (МИА) - Државниот обвинител на САД, Вилијам Бар денеска изјави дека Министерството за правда не открило доволен број гласачки измами за резултатот од изборитe да биде променет, признавајќи ја со тоа директно победата на демократот Џо Бајден.
Дека Бајден е победник истовремено индиректно призна и сенаторот и истакнат републиканец Мич Меконел,.
Овие изјави на сопартијци на претседателот Доналд Трамп се наспроти неговите тврдења дека изборите во САД, што се оддржаа на 3 ноември биле измама.
- До денешен ден немаме видено таква измама, што може да доведе до поинаков изборен исход, истакна Бар.
Меконел пак, сенатор од Кентаки и лидер на мнозинството во Сенатот, индиректно ја призна победата на Бајден во изјава околу очекуваниот втор пакет помош за Американците поради пандемијата со новиот коронавирус.
-По првата година (од вирусот), најверојатно ќе има дискусии за дополнителен пакет помош во некоја висина, зависно од тоа кои се преференците на новата администрација, изјави тој Меконел. кб/ми/