• сабота, 21 декември 2024

Бар: Во протестите во САД постои надворешно мешетарење

Бар: Во протестите во САД постои надворешно мешетарење
Вашингтон, 4 јуни 2020 (МИА) - Американскиот државен обвинтел, Вилијам Бар, денеска изјави дека постои „надворешно мешетарење“ во протестите со цел да се заостри ситуацијата. Масовните протести во САД започнаа со убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина поради агресивно апсење од полицијата. -Гледаме дека странски актери играат за сите страни, за да се продлабочи насилството, изјави Бар на денешната прес конференција. Но тој не прецизираше за кои земји станува збор. Според него, екстремистички групи и учесници од разни политички бои, исто така, учествувале во поттикнување на насилство за време на протестите. Државниот обвинител соопшти дека во протестните акции во САД кои започнаа на 30 мај, 114 припадици на безбедносните служби биле повредени, а 22 службеници биле хоспитализирани. Во најголем дел од тие кои се наоѓаат во болница, имале сериозни повреди на главата. кб/ссм/

Остани поврзан