Барти победи на 14. од 15 натпревари против најдобрите 20 оваа сезона
- Првиот светски рекет Ешли Барти во четвртфиналето на турнирот во Синсинати ја победи шампионката на „Ролан Гарос“ Барбара Крејчикова со 2-0, по сетови, 6:2 и 6:4.
Синсинати, 20 август 2021 (МИА) - Првиот светски рекет Ешли Барти во четвртфиналето на турнирот во Синсинати ја победи шампионката на „Ролан Гарос“ Барбара Крејчикова со 2-0, по сетови, 6:2 и 6:4.
Победничката на Вимблдон, го одигра својот 15. натпревар против тенисерки од Топ 20 оваа сезона и ја забележа 14-та победа. Единствениот пораз и го нанесе Арина Соболенко во финалето на турнирот во Мадрид.
Во натпреварите со најдобрите 10, билансот на Австралијката е 7:1.
Вкупно, Барти има 38 победи на 45 натпревари во 2021 година.
За Барти, полуфиналето во Синсинати е шесто на ВТА турнирите оваа сезона. Таа ги доби сите претходни. Во полуфиналето таа ќе се сретне со победничката од мечот меѓу Анџелик Кербер и Петра Квитова. зс/