• понеделник, 23 декември 2024

Барти за повредата, поради која се повлече од РГ: Веќе беше небезбедно да продолжам да играм

Барти за повредата, поради која се повлече од РГ: Веќе беше небезбедно да продолжам да играм
Париз, 3 јуни 2021 (МИА) - Светскиот рекет број 1 во женскиот тенис, Ешли Барти рече дека морала да се повлече од Грен слемот Ролан Гарос во текот на второто коло, поради повреда. - Во многу непријатен момент се појави акутна повреда. Сè се случи викендот и немаше време да закрепнам целосно. Дадов максимум за да можам да играм. Дури и настапот во првото коло беше мало чудо. Денес проблемот се влоши и дојде до точка што веќе беше небезбедно да се игра. Болката стана премногу голема. Разочаран сум, но не сум во паника. Знам што е работата. Потребно е само време за рехабилитација, изјави Барти. Барти денес и го предаде мечот на полската тенисерка Магда Линет (45-та носителка) при водство на ривалката со 6:1 во првиот сет и 2:2 во вториот. зс/

Остани поврзан