Барселона ќе го продолжи договорот со Френки де Јонг до 2029 година
- Френки де Јонг, играчот од средниот ред на Барселона, ќе го продолжи договорот со шпанскиот фудбалски шампион, објави новинарот Николо Шира
Барселона, 31 мај 2025 (МИА) - Френки де Јонг, играчот од средниот ред на Барселона, ќе го продолжи договорот со шпанскиот фудбалски шампион, објави новинарот Николо Шира.
Новиот договор со 28-годишниот холандски репрезентативец ќе биде до летото 2029 година.
Минатата сезона, Френки де Јонг одигра 45 натпревари за Барселона, во кои постигна 2 гола и направи 2 асистенции.
Според Трансфермаркт, трансферната вредност на играчот е 45 милиони евра. дс
Фото: Архива