• недела, 06 октомври 2024

Барселона сака да го ангажира Чупо-Мотинг како слободен играч

Барселона сака да го ангажира Чупо-Мотинг како слободен играч

Барселона, 9 март 2024 (МИА) - Барселона е заинтересирана за фудбалерот на Баерн Минхен, Ерик-Максим Чупо-Мотинг, пренесува „Sport.es“.

Каталонците имаат намера да го добијат Чупо-Мотинг како слободен играч. Договорот на 34-годишниот Камерунец со Баварците истекува по завршување на тековната сезона.

За Чупо-Мотинг се заинтересирани и екипи од англиската Премиер лигата, италијанската Серија А и Саудиска Арабија.

Сезонава Камерунецот одигра 27 натпревари, постигна три гола и беше творец на една асистенција. зс/

Фото: ЕПА

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан