• петок, 05 декември 2025

Барселона подготвена да го продаде Тер Штеген

Барселона подготвена да го продаде Тер Штеген

Барселона, 7 јуни 2025 (МИА) - Барселона повеќе не смета на голманот Марк-Андре тер Штеген, објавува „Sport.es“.

Според шпанскиот спортски портал, причината за оваа одлука е однесувањето на голманот по долгогодишната повреда. Триесет и тригодишниот Германец бил незадоволен што не бил во почетниот состав за реваншот против Интер (3:4) во полуфиналето на Лигата на шампионите. Поради ова, тој одбил да оди на натпреварот.

Како резултат на тоа, во соблекувалната на Барселона се развила напната ситуација, што не му се допаднало на раководството на клубот. 

Покрај тоа, разделбата со Тер Штеген ќе ѝ помогне на Барселона финансиски. Клубот исто така не е сигурен дека тој ќе може да се врати во претходната форма по повредата.

Тер Штеген игра за Барселона од 2014 година. Минатата сезона одигра девет натпревари во сите натпреварувања и прими 11 гола, а на еден меч ја сочува мрежата чиста.

Поради повреда на коленото, голманот не се појави на теренот од септември 2024 до мај 2025 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан