Барселона повеќе не смета на Дест
- Шпанскиот фудбалски шампион Барселона повеќе не смета на дефанзивецот Сержињо Дест.

Барселона, 5 август 2023 (МИА) – Шпанскиот фудбалски шампион Барселона повеќе не смета на дефанзивецот Сержињо Дест.
Како што пишува „The Athletic“ Каталонците сакаат да го продадат 22-годишниот американски репрезентативец за 10 милиони евра или да го дадат на позајмица.
Дест е во Барселона од 2020 година. Минатата сезона, дефанзивецот играше како позајмен за Милан. За италијанскиот клуб забележа 14 настапи без да постигне гол.
Договорот на Дест со Барселона е до 2025 година. На фудбалскиот пазар вредноста на Дест се движи околу 10 милиони евра. зс/
Фото: ЕПА