• недела, 22 декември 2024

Барселона очекува загуби од 60 милиони евра поради ситуацијата со коронавирусот

Барселона очекува загуби од 60 милиони евра поради ситуацијата со коронавирусот
Барселона, 19 март 2020 (МИА) - Барселона се подготвува за финансиското влијание од кризата со коронавирусот. Според новиот извештај, вкупната загуба на клубот во овој период ќе изнесува 60 милиони евра. Каталонците треба да продолжат да плаќаат плати на играчите, што е 70% од буџетот. Во исто време, речиси и да нема приходи во овој период. Во отсуство на натпревари, не се продаваат билети, а во отсуство на туристи, клубот не продава дресови и предмети. За прв пат од 2011 година се очекува Барселона да ја заврши во загуба финансиската година. Дали клубот ќе може да ги надомести загубите следната сезона, останува да се види. Сега Каталонците ја анализираат ситуацијата и бараат најдобри решенија за ублажување на економските последици.

Остани поврзан