• понеделник, 13 мај 2024

Барселона објави за потписот на Обамејанг

Барселона објави за потписот на Обамејанг
Барселона, 2 февруари 2022 (МИА) – Шпанскиот фудбалски гигант Барселона денес преку Твитер објави за потпишан договор со напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг. Фудбалерот претходно во текот на денот го раскина договорот со лондонскиот Арсенал. Соработката на Барселона со Обамејанг е со важност до летото 2025 година. Триесет и двегодишниот Габонец на 15 натпревари за лондонскиот клуб оваа сезона постигна седум гола и даде две асистенции. зс/

Остани поврзан