• петок, 05 декември 2025

Барселона нема да ги продава своите врвни играчи

Барселона нема да ги продава своите врвни играчи

Барселона, 2 јуни 2025 (МИА) - Спортскиот директор на Барселона, Деко негира дека каталонскиот клуб има сериозни финансиски проблеми кои бараат продажба на играчи. 

Во исто време, тој ја истакна строгоста на финансискиот фер-плеј во Шпанија.

- Тоа е проблем за многу клубови, но вие слушате само за Барса бидејќи ние сме голем клуб, изјави Деко за „Би-би-си“.

Според него, раководството на Барселона не планира да продава врвни фудбалери.

Деко додаде дека клубот е задоволен што го продолжил договорот со компанијата „Најк“  и дека модернизираниот Камп Ноу со 110.000 седишта ќе стане најголемиот стадион во Европа и ќе ги зголеми приходите на Барселона. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан