• недела, 22 декември 2024

Барселона испрати прва понуда за Киеза

Барселона испрати прва понуда за Киеза

Барселона, 23 август 2024 (МИА) - Федерико Киеза е непотребен во тимот на Јувентус и може да заврши во Барселона, која покажува сериозен интерес за италијанскиот репрезентативец.

Според каталонскиот весник „Спорт“, Барселона веќе ја испратила првата понуда до Јувентус за Киеза. Таа изнесува 9 милиони евра плус 4 милиони евра бонуси.

Киеза ги договори личните услови со Барселона, се работи за тригодишен договор со плата од 4,5 милиони евра по сезона, што е помалку од онаа што ја заработуваше во Јувентус.

Клубот од Торино сака да го продаде Киеза по повисока цена, но неизвесно е дали ќе може да го направи тоа на крајот од преодниот рок и ако не го продадат сега, ризикуваат да си замине како слободен играч следното лето.дс

Фото: Архива

Остани поврзан