Барселона има 22 чисти мрежи во 2023 година - најмногу во најдобрите пет европски лиги
- Во Топ 5 европските фудбалски лиги, Барселона води по бројот на чисти мрежи во 2023 година. Тимот предводен од тренерот Чави има 22 меча без примен гол во шпанското првенството.

Барселона, 1 јануари 2023 (МИА) - Во Топ 5 европските фудбалски лиги, Барселона води по бројот на чисти мрежи во 2023 година. Тимот предводен од тренерот Чави има 22 меча без примен гол во шпанското првенството.
На второ место е Интер (21), трето е Јувентус (20) – двете екипи настапуваат во италијанската Серија А.
Ница во француската Лига 1 и Реал Мадрид во шпанската Ла Лига со по 19 „суви“ мрежи ја комплетираат првата петка во петте (шпанско, италијанско, француско, англиско и германско) европски врвни првенства. зс/
Фото: ЕПА