Барселона е заинтересирана за Дијаз, Ливерпул во Фофана гледа негова замена
- Крилниот фудбалер на Ливерпул, Луис Дијаз би можел да ја продолжи кариерата во Шпанија, пренесува ESPN.
Ливерпул, 22 мај 2025 (МИА) - Крилниот фудбалер на Ливерпул, Луис Дијаз би можел да ја продолжи кариерата во Шпанија, пренесува ESPN.
Барселона е заинтересирана за 28-годишниот Колумбиец. Каталонскиот клуб планира да го ангажира играчот во летниот преоден рок.
Оваа сезона Дијаз одигра 49 натпревари, постигна 17 голови и осум асистенции.
„Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 85 милиони евра.
Во случај Дијаз да го напушти тимот, Ливерпул би можел да го ангажира Малик Фофана од Лион.
Според Мундо Депортиво“ Ливерпул во 20-годишниот Белгиец гледа замена за Дијаз.
Фофана оваа сезона одигра 41 натпревар, постигна 11 голови и шест асистенции.
Порталот Трансфермаркт ја проценува вредноста на играчот на 25 милиони евра. зс/
Фото: ЕПА