• петок, 22 ноември 2024

Барселона демантираше: Ништо од Гасол

Барселона демантираше: Ништо од Гасол
Барселона, 10 јули 2020 (МИА) - Легендарниот шпански центар, Пау Гасол и покрај најавите на некои медиуми, нема да ја продолжи кариерата во Барселона. Гасол, кој изрази желба да игра уште една сезона и да стави крај на неговата кариера на Олимписките игри во Токио, беше поврзан со Барселона во претходните денови, но ваквиот исход беше негиран од член на управниот одбор, надлежен за кошаркарски операции. „Нема разговори со Пау Гасол, ниту ќе има“, вели Жоан Бладе. Да потсетиме, Гасол не поминал ниту една минута на теренот од март 2019 година, кога се здоби со повреда на стапалото. Познатиот шпански кошаркар го започна своето кошаркарско патување од Барселона, кое потоа го продолжи и во НБА-лигата, односно Мемфис, Л.А. Лејкерс, Чикаго, Сан Антонио и Милвоки.

Тагови

Остани поврзан