• недела, 19 мај 2024

Барселона втора година по ред остана без пласман во нокаут фазата во Лигата на шампионите

Барселона втора година по ред остана без пласман во нокаут фазата во Лигата на шампионите
Барселона, 26 октомври 2022 (МИА) – Шпанскиот фудбалски гигант Барселона вторпат по ред не успеа да се пласира во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Вечерва Интер ја победи Викторија Плзен (4:0) и им ја одзеде шансата на Каталонците да се издигнат над третото место во групата Ц. Барселона заостанува шест бода зад Интер. Шпанскиот клуб може да се изедначи со италијанскиот клуб по бодови, но во овој случај сепак ќе биде послаб во пласманот поради резултатите од меѓусебните средби. Воедно, поразот на чешкиот тим и обезбеди на Барселона премин во 1/16 финалето од Лигата на Европа. Минатата сезона Барселона исто така испадна од Лигата на шампионите и продолжи во Лига Европа каде стигна до четвртфиналето, во кое загуби од подоцнежниот победник на турнирот, Ајнтрахт Франкфурт. зс/

Остани поврзан